Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

АмЧам ги зајакнува трговските односи на Македонија и Грција

2 мар. 2022 г.·2 мин читање·110 прегледи

Следете не на Viber

Американската Стопанска Комора во Македонија (АмЧам Македонија) во соработка со Американско – Грчката Стопанска Комора (АмЧам Грција) и со поддршка на амбасадите на САД во Скопје и Атина, ја организираат својата прва трговска мисија на компании од Република Грција во Република Македонија.

Трговската мисија ќе се одржи на 21 и 22 март во хотелот „Double Tree by Hilton Skopje“, а целта е да се претстават можностите за инвестирање во нашата држава, како и да се воспостави деловна соработка помеѓу домашните компании со компании од соседна Грција.

Во текот на првиот ден ќе бидат претставени можностите за инвестирање кои Владата на Македонија ги нуди за странските и домашните инвеститори, додека вториот ден ќе бидат организирани директни средби помеѓу компании од Грција и Северна Македонија кои дејствуваат во индустриските сектори: агротехнологија, логистика, производство, технологија и иновации, енергетика, туризам, градежништво и инфраструктура.  Во рамки на настанот ќе бидат посетени и две компании, странски инвестиции, од Грција и од САД.

“Градењето одржливи партнерства и можности за соработка е во основата на функционирањето на АмЧам организациите ширум светот и иницијативите од овој вид се главен приоритет на АмЧам Македонија во изградбата на подобар деловен екосистем за нашата земја“ – вели г-дин Драган Давитков, претседател на Бордот на директори на АмЧам Македонија во пресрет на одржувањето на трговската мисија.

Трговската мисија следува после билатералниот состанок на АмЧам Македонија и АмЧам Грција, кој во септември минатата година беше одржан во Солун во рамки на Енергетскиот форум на Југоисточна Европа, кога беа поставени и рамките за засилена билатерална економска соработка што ќе вклучува иницијативи за зголемени трговски релации и унапредена деловна соработка помеѓу Грција и Македонија.

Клучни зборови

  • АмЧам Македонија
  • Драган Давитков
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk