Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Американските стопански комори обединети за подобрување на регионалното бизнис опкружување

23 сеп. 2022 г.·2 мин читање·543 прегледи

Следете не на Viber

Американските стопански комори на Република Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија, одржаа работна средба за време на Конференцијата за паметни градови во Тирана и се согласија за понатамошно зајакнување на економската соработка и промовирање на можностите за развој.

Американските стопански комори се заложија да продолжат да работат заедно за создавање на подобра деловна и инвестициска клима, отстранување на трговските пречки и поттикнување на слободното движење на капиталот, луѓето, стоките и услугите.

Американските стопански комори се обврзуваат да ја унапредат својата меѓусебна соработка и да ги детектираат неискористените можности коишто би произлегле од зајакнувањето на нивните меѓусебни врски.

Соочени со бројни предизвици, вклучувајќи ги енергетската безбедност, недостигот на човечки капитал, нарушувањето во синџирите на снабдување, трговските бариери, сајбер безбедноста и климатските прашања, Американските стопански комори ги повикуваат регионалните лидери да ги забрзаат реформите и соработката во насока на усогласување на своите државни економии со правилата на Европската Унија, нејзините дигитални и зелени агенди, како и за унапредување на односите со Соединетите Американски Држави.

Клучни зборови

  • Американски стопански комори на Република Северна Македонија
  • бизнис
  • регионално бизнис опкружување
  • стопански комори
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk