Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Амбасадорот на Словачка, Маркуш: Поддршка за земјата на патот кон членството во ЕУ, преку соработка со Народната банка

2 апр. 2021 г.·2 мин читање·1416 прегледи

Следете не на Viber

„Словачка е силна поддржувачка на евроинтеграциските стратегиски цели на вашата земја. Оттука, предвидена е можност за воспоставување соработка во повеќе сегменти, меѓу другото и во доменот на централнобанкарското работење. Народната банка е силна партнерка за остварување на овие предвидени активности, преку размена на искуства и стекнување нови знаења во соработката со централната банка на Словачка и ѝ подаваме рака за спроведување заеднички проекти и забрзување на соработката.“

Ова го истакна словачкиот амбасадор, Хенрих Маркуш, на средбата со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, иницирана од негова страна, заради поддршка на Народната банка преку спроведување повеќе проекти.

На средбата, гувернерката Ангеловска-Бежоска изрази благодарност за искажаната поддршка и се осврна на воспоставените релации со централните банки од Европскиот систем на централни банки, меѓу другото и со Народната банка на Словачка, со коишто нашата централна банка неодамна успешно го заврши твининг-проектот „Jакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во ЕСЦБ“.

„Размената на искуства со европските колеги и стекнувањето нови знаења е постојана заложба на Народната банка, што е и значајна алатка преку којашто се гради капацитетот и се зајакнува независноста на институцијата. Со ова се овозможува подобро исполнување на нашите цели и задачи, обезбедувајќи значителен придонес за развојот на економијата во полза на сите граѓани и компании.“ – истакна гувернерката.

Ангеловска-Бежоска посочи дека нашата централна банка во својот домен на работењето има интерес за воспоставување потесна билатерална соработка со Народната банка на Словачка, продолжувајќи ја иницијативата на нејзиниот гувернер, Петер Кажимир.

Словачкиот амбасадор Маркуш и гувернерката Ангеловска-Бежоска изразија цврсти заложби за продлабочување на соработката.

Клучни зборови

  • Народна банка
  • Словачка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk