Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Амбасадорката Галовеј: Народната банка успешно ги остварува своите цели за одржување на макроекономската и финансиската стабилност

23 мај 2021 г.·2 мин читање·3559 прегледи

Следете не на Viber

Улогата на централните банки е многу важна, особено во вакви кризни времиња. Напорите за водење прудентна монетарна политика придонесуваат за услови за ревитализација на македонската економија.

Ова беше истакнато на состанокот на британската амбасадорка, Рејчел Галовеј и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на којшто се разговараше на теми поврзани со економската состојба во нашата земја.

На состанокот, гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна на најновите макроекономски проекции на Народната банка според кои се предвидува економски раст од 3,9% во тековната и наредната година, додека за 2023 година се очекува раст од 4%. Во однос на инфлацијата, со оглед на последните расположливи податоци, гувернерката посочи дека очекувањата на Народната банка се дека таа би се задржала на умерено ниво и би изнесувала околу 2,2% за 2021 година, а следната година би се намалила на околу 2%, со што би се задржала ценовната стабилност. Истовремено, гувернерката се осврна и на мерките и одлуките коишто беа донесени во изминатиот период заради справување со ефектите од здравствената криза и ја истакна важноста од соработката со меѓународните финансиски институции, вклучително и во однос на обезбедувањето соодветни извори на финансирање на економијата.

Британската амбасадорка Галовеј и гувернерката Ангеловска-Бежоска изразија цврсти заложби за продолжување и продлабочување на соработката.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Гувернер на народна банка
  • Народна банка
  • Рејчел Галовеј
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk