Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Акциите на Wall Street растат бидејќи вирусот опаѓа во некои региони

7 апр. 2020 г.·2 мин читање·92 прегледи

Следете не на Viber

Американските акции бележат раст, а зајакнаа и акциите на глобалните пазари, бидејќи се подобрува оптимизмот на инвеститорите поради податоците дека пандемијата од коронавирус го достигнала врвот и дека попушта во некои делови од светот.

Индексот S&P 500 пораснал за околу 4,0 проценти на утринското тргување на Wall Street, објави New York Times.

После интензивната нестабилност на берзата во текот на март, како и напорите за спречување на ширењето на коронавирусот и намалувањето на причините кои пандемијата ги предизвикува во економиите ширум светот, инвеститорите беа израдувани од бројките кои покажуваат дека успорува стапката на нови потврдени инфекции и смртни случаи во некои делови на Европа.

Во Соединетите држави, администрацијата на претседателот Доналд Трамп предупреди на тоа дека претстои една тешка недела, наговестувајќи дека пандемијата би можела да биде близу до кулминација во некои градови.

Гувернерот на Њујорк, Ендру М. Куомо изјави во саботата дека во наредните денови епидемискиот бран би можел да достигне највисока точка.

Европските акции денес исто така се во пораст, по скромното закрепнување на берзата во Азија, кое подоцна во текот на денот доби замав.

Покрај берзите, и на другите пазари е забележано подобрување. Така, цената на американските државни обврзници падна на азиското тргување.

Спротивно на тоа, цените на нафтата, кои генерално растат кога има добри вести, паднаа поради нерешеното прашање помеѓу Русија и Саудиска Арабија за намалување на испораките, потсетува New York Times.

Клучни зборови

  • Wall Street
  • Волстрит
  • Гувернер на Њујорк Ендру М. Куомо
  • Доналд Трамп
  • Ендру М. Куомо
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk