Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

АЗЕСКИ И КОМОРАТА ВО УСЛОВИ НА КРИЗА ОБЕЗБЕДИЈА 23 НАЈСОВРЕМЕНИ МАШИНИ ЗА 4 КОМПАНИИ ВО ВРЕДНОСТ ОД ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ

11 ное. 2021 г.·2 мин читање·1298 прегледи

Следете не на Viber

„ТМ“ Штип и „АгроБар“ Виница две од 4-те компании кои со нова автоматизирана опрема станаа извозно поконкурентни во настапот на странските пазари

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, во придружба на потпретседателите на Комората, Глигор Цветанов и м-р Анета Трајковска, посетија две компании во источна Македонија, за кои Стопанската комора (заедно со уште други две фирми) за прв пат обезбеди директна финансиска поддршка во форма на грант од Фондот за иновации и технолошки развој во износ од 499.905 евра, за набавка на 23 машини во 4-те фирми, потребни за зголемување на конкурентноста на производите.

Главната цел на проектот беше зголемување на продуктивноста, намалување на трошоците и раст на извозната конкурентност на компаниите преку набавка и инсталирање на нови машини и опрема.

Вкупниот буџет на проектот е во вредност од 1.088.536 евра. 40% од средствата се неповратна помош преку проектот на Комората од ФИТР, додека останатите средства се ко-финансирање од страна на компаниите. Дополнителна придобивка за компаниите е што имаа можност за поврат на ДДВ, кој се плаќаше при набавка на самите машини, што значи дека неповратниот грант за компаниите изнесува околу 50%.

 

Компанијата ТМ Штип со набавка на три автоматизирани машини во вредност од 242.000 евра го подобрува производниот капацитет, квалитетот на финалните производи и ја зголемува ефикасноста на трошоците.

АгроБар Виница со нови три автоматизирани машини и компресор за производство на земјоделска механизација вредни 216.000 евра, целосно го автоматизира процесот на производство што значително ја зголемува можноста за нова производна палета на нови производи за потребите на компании од други индустрии во регионот и пошироко.

Успешно реализираниот проект на Комората со кој, преку директна финансиска поддршка се поттикна поголема конкурентност на 4-те македонски компании што стимулира поголема извозна активност, е само потврда дека Фондот за иновации и технолошки развој треба и следната година да проектира финансиска поддршка на бизнисот и тоа да преставува континуирана програма за поддршка на стопанството.

Клучни зборови

  • Анета Трајковска
  • Бранко Азески
  • Глигор Цветанов
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk