Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ОДБЕЛЕЖУВА 22 ГОДИНИ незапирлив развој

28 авг. 2024 г.·2 мин читање·655 прегледи

Следете не на Viber

Адора инженеринг одбележува 22 години успешно постоење, како компанија предводник во високата градба, цврсто етаблирана и во други стратешки бизниси.

На 28 август 2002, на празникот Голема Богородица и Денот на рударите, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, потврден стопанственик и врвен менаџер во компании со државна и приватна сопственост, ја основа Адора инженеринг, со примарна дејност градежништво, висока градба. Брендот прерасна во синоним за изградба на докажано стабилни, висококвалитетни, иновативни недвижности, со импозантен биланс од над 400.000 m² изградена површина резиденцијални и деловни објекти. Со диверзификација на бизнисот, компанијата сериозно навлезе во финансискиот сектор и енергетиката. За успешноста и високите резултати на оваа компанија сведочат и добиените 100-тина признанија и награди во Македонија и на интернационално ниво.

Круна на незапирливиот развој на овој реномиран бренд е изградбата на современата установа за социјална заштита на 150 корисници, возрасни лица, „Оаза Адора Илинден Скопје“, што треба да биде отворена до крајот на годинава и се надоврзува на хуманата димензија на компанијата. Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец се познати по филантропската традиција, преку изобилството позитивни практики за поддршка на заедницата. Одбележувањето на 22 годишнината на овој пред сè градежен бренд, е и во духот на најновиот урбан симбол, станбено-деловниот комплекс „Порта Скопје Адора“, што наскоро ќе почне со изградба во строгиот центар на македонската метропола. Покрај Македонија, Адора инженеринг успешно делува и во соседните држави Србија и Грција.

Генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој во посветената работа изминатите 22 години, со многу непроспиени ноќи, нема користено ниту еден ден годишен одмор, изразува голема благодарност на неговото семејство, поранешните и сегашни вработени, на респектабилните институции, деловните партнери и сите добронамерници, без кои Адора инженеринг немаше да биде тоа што е денес и да одбележува 22 години успешна македонска градителска приказна.

Клучни зборови

  • Адора инженеринг
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk