Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Агенција „Фич” го потврди кредитниот рејтинг ББ+ на Македонија

9 мај 2021 г.·2 мин читање·7173 прегледи

Следете не на Viber

Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ +“, со негативен изглед информира Министерството за финасии.

Како што нотира агенцијата, рејтингот на Македонија е поддржан од доброто владеење, позитивната бизнис клима, како и кредибилната и кохерентната макроекономска и финансиска политика конзистентна со долготрајниот фиксен девизен курс.

Aгенцијата предвидува годинава да се постигне економски раст од 3,9 проценти, и 4,3 проценти во 2022 година, при што главно ќе зависи од пандемијата во Македонија и главните извозни пазари.

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во една земја, и е еден од клучните индикатори кои потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

Оценките на кредитните агенции влијаат на одлуката на инвеститори кои размислуваат за инвестирање во регионот. Кредитниот рејтинг позитивно влијае врз одлуките за инвестирање во една земја, што понатаму уште повеќе ќе влијае за повисок економски раст, повисок извоз, повисока вработеност и повисоки плати.

Агенцијата во својот извештај воедно нотира дека конкурентните трошоци за работна сила и покрај зголемувањето на платите, како и добрите владини политики насочени кон привлекување на странките директни инвестиции и прогресот на преговорите за членство во ЕУ исто може да придонесе за подобрување на изгледите за привлекување странски директни инвестиции.

Потврдата на кредитниот рејтинг на државите во време на пандемија исто така влијае и на намалување на трошоците за долгот на државата, со што се постигнуваат заштеди во каматите.

Имено годинава како резултат на добрите економски политики, но и на потврдата на кредитниот рејтинг од страна на кредитните агенции беше причина за издавање еврообврзница по историски најниска каматна стапка. Агенцијата исто така во извештајот ги нагласува и стабилните девизни резерви.

Негативниот изглед во потврдениот кредитен рејтинг е одраз на надолните ризици на јавните финансии и економскиот раст на краток рок пред се поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Клучни зборови

  • Кредитната агенција
  • македонија
  • Фич
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk