Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Осигурување

Агенцијата за супервизија на осигурувањето им препорача на осигурителните компании да не делат дивиденда

1 мар. 2021 г.·2 мин читање·824 прегледи

Следете не на Viber

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) им препорача на осигурителните друштва кои 2020 година ја завршиле со добивка оваа година да се воздржат од исплата на дивиденда. Препораката денеска е испратена до сите осигурителни компании на домашниот пазар за осигурување.

АСО согледувајќи ги состојбите на осигурителниот пазар во актуелниот контекст одлучи дека постојат неколку објективни околности кои целосно ја оправдуваат препораката за воздржување од исплата на дивиденда. Еден од клучните фактори за носење на препораката е фактот што вкупните приходите од бруто полисирана премија (БПП) на целиот осигурителен пазар лани се намалени за 5 отсто во споредба со претходната година. Дополнително на горенаведеното врз носењето на препораката влијае и тоа што од почетокот на годинава побарувањата нема да се признаваат како средства за покривање на техничките резерви на осигурителните друштва, информираат од АСО.

Потсетуваат дека за зголемување на заштита на правата на осигурениците односно купувачите на осигурителните полиси и истовремено зајакнување на солвентноста и стабилноста на осигурителните компании донеле три суштински значајни правилници чија примена стапи во сила од почетокот на оваа година. Имплементацијата на овие правилници, потемциарат од АСО, за осигурителните компании ќе значи дополнителни вложување финансиски средства и ресурси.

Агенцијата за супервизија на осигурувањето е независно регулаторно тело, основано во 2009 година, кое го регулира пазарот за осигурување и се грижи за заштита на правата на осигурениците и развој на перцепцијата за значењето на осигурувањето.

Клучни зборови

  • Агенцијата за супервизија на осигурување
  • АСО
  • дивиденда
  • Препораки
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk