Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Боро Варошлија и Јасминка Еленчевска од Развојна банка ги добија наградите за најдобри банкарски службеници за 2024 година

Katerina Panchevska·1 ное. 2024 г.·2 мин читање

Традиционално, по повод „Светскиот ден на штедењето – 31 октомври“, синоќа во организација на Македонската банкарска асоцијација, се случија традиционалните банкарски „Оскари“. На настанот се прогласија најдобрите банкарски службеници за 2024 година од Развојна банка на Северна Македонија. Боро Варошлија и Јасминка Еленчевска ги добија наградите.

–Развојна банка на Северна Македонија е институција која се базира на високи етички и професионални стандарди во своето работење. Да се биде успешен во банката, воопшто во банкарскиот сектор значи постојано учење, континуирано вложување, посветеност и одлични комуникациски вештини. Оваа награда е значаен успех и големо задоволство за мене, бидејќи претставува признание на мојот вложен труд за време на целото работење во банката. За успехот пред сé е потребна тимска работа, професионална етика и постојано усовршување – истакна Варошлија.

За банката ваквата награда е признание за нејзината заложба во развивање и поддршка на талентираните професионалци, како и кон постигнување на заедничките цели на тимот и организацијата. Наградата е мотивација за понатамошно усовршување и промовирање на вредностите на банката, ни посочија од Развојна банка.

-По повод Денот на штедењето, имав чест да ја добијам наградата „Најдобар банкарски службеник за 2024“. Во секоја работа треба да си посветен и самиот на себе да си поставуваш поголеми стандарди што ќе придонесат се повеќе да напредуваш во работата. Тековните работи за мене беа предизвик и го збогатија моето банкарско искуство. Сметам  дека добрата соработка со моите колеги и работењето како тим го подигнуваат нивото на успешност на банката и претставува мотив, за мене лично, да продолжам да работам во таа насока и професионално да се усовршувам. Изразувам благодарност до менаџерскиот тим  кој го препознал мојот придонес во работењето на банката, и се надевам дека наградата ќе биде инспирација за секој банкарски службеник да ја негува културата на финансиско усовршување – вели Еленчевска.

Клучни зборови

  • мба
  • најдобри банкарски службеници за 2024
  • Развојна банка на Северна Македонија АД
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk