ПРЕМИУМ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ НА КАПИТАЛ БАНКА: Нула проценти фиксна каматна стапка за првите шест месеци
Пари2 мин читање

За сите оние кои имаат потреба од средства за да остварат некој од своите соништа, во смисла реновирање на домот, набавка на производи за домаќинство, можеби и нов автомобил, школување на децата, или, пак, некој убав екслузивен одмор, одлична прилика би бил премиум потрошувачкиот кредит на Капитал Банка.
Банката со овој кредит нуди навистина поволни услови, а тоа е 0 проценти каматна стапка која е фиксна за првите шест месеци.
Во наредните 18 месеци, пак, каматната стапка е исто така фиксна и изнесува 2,9 проценти, додека за преостанатиот период на отплата каматата е променлива, и изнесува 4,77 проценти.
Рокот на отплата на овие премиум потрошувачки кредити на Капитал Банка е до 10 години.

Максималниот износ, пак, што се одобрува за премиум потрошувачкиот кредит е 1.200.000 денари, што е рамно на безмалку 20 илјади евра.
Повеќе информации за премиум потрошувачкиот кредит можете да видите на https://shorturl.at/EIKO4, во најблиската експозитура или на телефонскиот број 02/ 3102-528.