Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

На К-15 имаат право 27.000 службеници, а не цела администрација

Пари·10 јун. 2021 г.·2 мин читање

Во ребалансот на Буџетот се најдоа пари и за регресот за годишен одмор на административците за кој тоа право е утврдено со колективен договор. Од целата администрација, ова право го има извојувано само Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ). За оваа намена со ребалансот се издвоени околу 4 милиони евра.

Информацијата за регресот за годишен одмор на администрацијата предизвика негодувања во јавноста и остра рекација од опозицијата. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски, во изјава за „Слободен печат“ објаснува дека право на К-15 имаат 27.000 работници, а не цела админстрација.

– Правото на регрес за годишен одмор произлегува од Гранскиот колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје, општините во Град Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието. Овој договор е склучен пред да почне пандемијата и има сила на закон. Тоа значи дека доколку не се исплати регресот, работниците може да го бараат по судски пат и тоа да ја чини државата повеќе пари, вели Грујовски.

Тој објаснува дека покрај овој Грански колективен договор, склучени се и 30-тина колективни договори на ниво на државни работодавачи и тие договори по правило утврдуваат повисоки права. Така, во тие договори е можно минималниот износ за исплата на регрес за годишен одмор да биде поголем од 40 отсто од просечната нето плата за последните три месеци како што е во Гранскиот колективен договор.

Извор: Слободен печат

Клучни зборови

  • к-15
  • работници
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk