Комерцијална банка привремено затвара дел од експозитурите
Пари1 мин читање

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека во периодот од 05.07.2021 до 29.08.2021 нема да работат експозитурите „Ѓорче Петров 2“, „Водњанска“, „Чешма“, „Кјуби“ и „Ново Лисиче“. На располагање на клиентите ќе им бидат експозитурите на Банката кои се наоѓаат во непосредна близина – „Ѓорче Петров“, „Букет“, „11 Октомври“, „ГТЦ“ и „Бисер“.
Секако, клиентите може да ги извршат своите финансиски трансакции и преку дигиталните канали Интернет банка, мБанка и KomPay, широката мрежа на банкомати и дигиталните експозитури на Комерцијална банка, кои им се на располагање 24/7.