Најави се Зачлени се
Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Интересот за новата обврзница е поголем за половина милијарда евра од тој што беше на аукцијата што пропадна, тврди МФ

Пари·6 мар. 2023 г.·2 мин читање

Мислењето за новата еврообврзница ќе го потпише новиот министер за правда, Кренар Лога. Владата планираше да ја издаде оваа еврообврзница минатиот месец, но планот пропадна затоа што кога документацијата стигна во Министерството за правда, таму веќе немаше министер

Интересот на втората аукција за издавање на еврообврзница со која државата ќе се задолжи за 500 милиони евра, е поголем од првата аукција која пропадна бидејќи немаше министер за правда и немаше кој да потпише.

Ова го тврдат од Министерството за финансии (МФ) откако беше одржана аукцијата и велат дека ова е потврда за довербата и кредибилитетот на државата.

„Интересот на инвеститорите за деветата еврообврзница беше над два милијарди евра или за половина милијарда евра повисок во однос на првата аукција, што ја докажа уште еднаш нивната доверба во политиките кои ги води Владата“, велат од Владата.

Обезбедените 500 милиони евра преку аукција се по купонска камата од 6,96 отсто, додека останатите 100 милиони евра задолжување кои беа планирани ќе се обезбедат преку макрофинансиска поддршка на Европската комисија (ЕК) по каматна стапка од околу три отсто.

„Ова значи дека рефинансирањето на еврообврзницата од 2016 година и другите отплати на претходни задолжувања, кои достасуваат и за кои беа наменети овие средства, ќе се изврши според исти каматни трошоци постигнати со претходната аукција“, велат од МФ.

Мислењето за новата еврообврзница ќе го потпише новиот министер за правда, Кренар Лога. Владата планираше да ја издаде оваа еврообврзница минатиот месец, но планот пропадна затоа што кога документацијата стигна во Министерството за правда, таму веќе немаше министер со оглед дека дотогашниот Никола Тупанчески си поднесе оставка бидејќи во рамки на договорот за реконструкција на Владата овој ресор СДСМ ѝ го препушти на Алијанса за Албанците.

Клучни зборови

  • еврообврзница
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk