Најави се Зачлени се
Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Донација од Стопанска банка за семејствата погодени од пожарот во Кочани

Пари·30 апр. 2025 г.·2 мин читање

Стопанска банка ги поддржува засегнатите од трагедијата во Кочани и продолжува посветено да обезбедува помош.

Веднаш по немилиот настан, Банката им помогна на медицинските центри кои ги прифатија настраданите, а неколку дена подоцна ѝ помогна на болницата во Кочани да опреми и отвори советувалиште кое на долг рок ќе работи со настраданите, семејствата и целата заедница.

Дополнително, Стопанска банка деновиве одобри износ од 250.000 евра кои почнувајќи од следната недела, ќе им бидат исплатени директно на сметките на повеќе од 200 засегнати семејства. Финансиската помош ја наменивме за семејствата кои се борат со огромната тага и се справуваат со последиците бидејќи препознаваме дека им е потребна максимална поддршка.

Грижејќи се за целокупната заедница, се обративме до локалната самоуправа на Кочани со предлог за дополнителна донација, изградба на детски вело-парк како нова содржина во градот. Донацијата на вело-паркот ќе произлезе од 9. издание на „Вози право, вози здраво“, со што нашиот децениски проект оваа година ќе добие и хуманитарен карактер.

Сакаме да ја изразиме нашата огромна благодарност до здравствените работници кои вложија натчовечки напори во помагањето на жртвите за време на трагичниот настан и ќе продолжат да бидат поддршка на процесот на заздравување што следи.

Исто така, благодарни сме им на нашите вработени од филијалата во Кочани и регионот за нивната посветеност кон заедницата и проактивниот пристап.

Клучни зборови

  • донација
  • Стопанска банка
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk