Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Вработување

Добра можност: Шпаркасе банка го проширува својот тим во Кочани

Пари·29 јул. 2021 г.·4 мин читање

Станете дел од професионален тим и изградете ја својата кариера на успешен банкар во Шпаркасе Банка. Поради зголемениот обем на активности, Шпаркасе банка го проширува својот тим во Кочани. Доколку сте мотивирани и имате желба да станете дел од нашиот тим, Ве повикуваме да аплицирате за вработување на отворените работни позиции.

ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ: БЛАГАЈНИК СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ СО НАСЕЛЕНИЕ

ЛОКАЦИЈА: ЕКСПОЗИТУРА КОЧАНИ

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со повеќе од 120.000 клиенти во земјата и преку 35 експозитури. Одговорното банкарско работење и стабилноста се приоритет на Банката. Иновативноста и агилноста се наша движечка сила, а довербата и тимскот дух се вредности кои ги обединуваат сите наши вработени. •

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: БЛАГАЈНИК

ШТО ЌЕ БИДАТ ВАШИ ОДГОВОРНОСТИ НА ПОЗИЦИЈАТА БЛАГАЈНИК

  • Сеопфатно сервисирање (финансиски и сите останати банкарски услуги) на клиенти – од моментот на продажба на одреден производ до понатамошно сервисирање на клиентот со постојан мониторинг на односот, неговото задоволство и антиципирање на идните потреби
  • Ги препознава потребите на клиентите, воспоставува иницијални контакти, ги информира за видовите на депозити, условите за орочување и важечките каматни стапки
  • Ги спроведува сите готовински и безготовински трансакции со клиенти на благајна – физички и правни лица
  • Врши работи од доменот на менувачкото работење, водење на сметки, постапување по барања од клиентите (барање на производ/услуга, пријава/одјава на пензии, и др.)
  • Спроведува трансакции за електронски трансфер на пари преку компанија со која Банката има деловна соработка согласно законската регулатива
  • Ги остварува продажните цели за продажба на производи и услуги од секојдневно банкарство

ШТО ТРЕБА ДА ПОСЕДУВАТЕ КАКО КВАЛИФИКАЦИИ

  • Минимум ССС, економска насока /гимназија
  • Способност за прилагодување на динамична работна атмосфера, подготвеност за извршување повеќе активности истовремено и во кратки временски рокови
  • Одлични комуникациски и продажни вештини, ориентираност кон клиенти
  • Поседување интегритет, доверливост, прецизност, точност и аналитичност во работењето
  • Претходно работно искуство во банка или финансиска организација ќе се смета за предност

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ СО НАСЕЛЕНИЕ

ШТО ЌЕ БИДАТ ВАШИ ОДГОВОРНОСТИ НА ПОЗИЦИЈАТА СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ СО НАСЕЛЕНИ

  • Сеопфатно сервисирање (финансиски и сите останати банкарски услуги) на клиенти – од моментот на продажба на одреден производ до понатамошно сервисирање на клиентот со постојан мониторинг на односот, неговото задоволство и антиципирање на идните потреби
  • Поседува продажни вештини за промоција и продажба на производите на Банката, лично, телефонски ,преку е-маил и директна промоција, одговорен е за реализација на зададените комерцијални цели согласно насоките на деловната политика на ниво на експозитура
  • Подготвува понуда на целосна палета на продукти и услуги на Банката согласно потребите и можностите на клиентите, превзема мерки со цел искористување на потенцијалот на постојното портфолио, зголемување на бројот на производите кои ги користи клиентот (cross sell/ up-sell)
  • Го надгледува пласманите и наплатата – следење на уредноста во подмирувањето на обврските на клиентите, нивно контактирање, координација на работата со службите за наплата
  • Врши активности во рамки на овластувањата од лиценците здобиени од надлежни органи (на пр. застапување во животно осигурување и слично) согласно применливите законски прописи

ШТО ТРЕБА ДА ПОСЕДУВАТЕ КАКО КВАЛИФИКАЦИИ

  • Минимум ССС економска насока /гимназија; пожелно ВСС / Економски факултет или соодветно високо образование
  • Способност за самостојно донесување на одлуки, водење на сопствено портфолио од аспект на квантитет и квалитет, ориентираност кон резултат и тимска работа
  • Одлични комуникациски и продажни вештини, професионален однос и деловен бонтон
  • Организациски вештини, способност за одредување приоритети, способност за работа во динамично окружување
  • Претходно работно искуство во банка или финансиска организација ќе се смета за предност

ШТО СЕ ВАШИТЕ ПРИДОБИВКИ

  • Кариерен развој во банкарска групација Erste & Steiermärkische Sparkasse, пристап до групацискиот “know-how”
  • Учество на обуки и семинари, континуирано надоградување и усовршување, како и пренос на знаења и искуства од искусни професионалци преку менторство
  • Корпоративни настани, тимски дух, динамична работна атмосфера

РАБОТНО ВРЕМЕ

  • 40 работни часа во текот на работната недела, со почеток од 08:00 – 09:00 часот до 16:00 – 17:00 часот
  • Вредности кои ги практикуваат сите наши вработени: извонредност, доверба, агилност, страст, партнерство

Вашето CV и мотивационо писмо доставете ги на hr@sparkasse.mk заклучно со 06.08.2021 со задолжителна назнака „Апликација за Благајник – Кочани“ или „Апликација за Соработник за односи со население – Кочани“ Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови ќе бидат повикани на интервју. За дополнителни информации, посетете ја страницата www.sparkasse.mk. Ве очекуваме! #ЗаеднoМожемеПовеќе

Клучни зборови

  • Оглас за вработување
  • Шпаркасе Банка Македонија
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk