Благодарница до Комерцијална банка за 11 години празнична радост за децата од улица
Borjan1 мин читање
11 години Комерцијална банка АД Скопје споделува празнична радост со децата од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари во Скопје. 11 години Банката донира, другарува и помага за ресоцијализација и подобар квалитет на нивниот живот.
Во знак на благодарност и задоволство, Здружението за заштита на правата на детето додели благодарница на Комерцијална банка АД Скопје за долгогодишна помош и другарување со децата.
Потенцирајќи ја повторно својата општествена одговорна мисија и стратегија, Комерцијална банка потврдува дека е долгорочен партнер на заедницата во која дејствува и со која заедно го гради брендот на Банката веќе 65 години.
