Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Амазон за два дена од „Prime Day” имал продажба од над 11 милијарди долари

Пари·24 јун. 2021 г.·1 мин читање

Прометот на Амазон во малопродажбата низ САД за време на 48-часовниот „Prime Day” го надмина претходниот рекорд забележан за време на ланскиот „Кибер понеделник”.

Вкупниот промет во е-трговијата во понеделникот и вторникот во САД изнесуваше повеќе од 11 милијарди долари, што е за 6,1 отсто повеќе од „ Prime Day” во октомври 2020 година, според индексот следен од „Adobe Analytics”, што опфаќа повеќе од илјадници милијарди онлајн посети на американските веб-страници за малопродажба и повеќе од 100 милиони артикли во 18 категории производи, јави телевизијата Си-Ен-Би-Си.

Онлајн продажбата на мало во понеделеникот, на првиот ден од „Prime Day” беше 5,6 милијарди долари, и уште 5,4 милијарди долари вториот ден, се наведува во соопштението на „Adobe Analytics”.

За време на минатогодишната празнична шопинг сезона, за време на „Кибер понеделникот”, прометот изнесуваше околу 10,9 милијарди долари, што беше рекорд во САД за еден ден во трошењето преку онлајн продажбата.

Клучни зборови

  • Prime Day
  • Амазон
  • Кибер понеделник
  • промет
  • шопинг
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk